• петок, 22 ноември 2024

СДСМ ги објави првите 30 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори

СДСМ ги објави првите 30 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори
Скопје, 13 јули 2021 (МИА) – По спроведените испитувања на јавното мислење, анализата и истражувањата и со консултациите со нашето членство, целосно се заврешени и со одлука на раководството дефинирани првите 30 кандидати за градоналници од редовите на СДСМ, изјави лидерот на партијата Зоран Заев, по вечерашната седница на партиксиот Извршен одбор. До СДСМ, посочи Заев, беа поднесени 630 кандидатури за градоначалници и пет илјади кандидати за советници, преку можноста за самокандидирање и постапките на партијата. Тој информира дека за кандадати за градоначалници се утврдени Перо Костадинов за Валандово, Миликие Халими за Арачиново, Благојчо Шапов за Богданци, Зоран Зимбаков за Босилово, Велими Смилевски за Бутел, Маријан Јанев за Василево, Сашо Јанквоски за Вевчани, Ивица Димитров за Виница, Роберт Бешовски за Градско, Горан Трајковски за Делчево, Лазе Петров за Демир Капија, Анго Ангов за Дојран, Борче Гиевски за Зелениково, Јордан Насев за Карбинци, Филип Темелковски за Кисела Вода, Благојчо Илиев за Конче, Томе Христовски за Крушево, Аце Велковски за Лозово, Медад Куртовски за Маврово-Ростуше, Љубе Кузмановски за Новаци, Костадин Георгиевски за Охрид, Елизабета Зелениковска за Петровец, Славчо Пандурски за Пехчево, Драган Анастасов за Пробиштип, Живко Гошаревски за Ресен, Стојан Николов за Росоман, Жаклина Јовановска за Старо Нагоричане, Горан Стојановски за Чашка, Сашко Николов за Штип и Петрр Шилегов за Градот Скопје. Одлуките, додаде Заев, ги носиме здружено со граѓаните, кои што најдобро знаат која личност е најдобриот избор за нивната општина. - Пресудни за одлуките беа анкетите спроведени меѓу граѓаниет на овие 30 општини. Сите овие кандидати за градоначалници и градоначалнички кои ги објавуваме во оваа прва фаза се дел од најдоброто, блиски до граѓаните, чесни, одговорни со конкретни планови и решенија. Нема поголема чест и обврска да им се служи на своите граѓани СДСМ тоа во изминатите години го правеше најдобро што можеше и ќе продолжи да го прави уште подобро и во иднина, изјави Заев. За останатите кандидати, посочи Заев, ќе информираат како што ќе се завршуваат останатите анкети, истражувања, анализи и ќе се носат одлуките на раководството. - Не станува збор за фаворизирани општини. На пример за општините за кои со сигурност знаеме дека ќе победиме како Струмица, Центар, Куманово, Карпош, Крива Паланка и други ќе ги објавиме во следните фази, затоа што за нив постапките ќе завршат до крајот на овој месец и средината на август, изјави Заев. Втората фаза потврдени градоначалници, посочи Заев, ќе биде објавена кон почетокот на следниот месец, а очекувањата се кон крајот на август да бидат објавени комплетно сите кандидати за градоначалници и градоначалнички. Локалните избори во Северна Македонија треба да се одржат во втората половина на октомври. ар/аа/

Остани поврзан