СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и најдобрата менаџерка ја претворија Зоолошка во хорор филм
- Страшно и жално е тоа што се случува во скопската Зоолошка градина. Местото кое до пред три години беше на сите насловни страници во светсите медиуми, кое беше пример за добар менаџмент и грижа за животните, ВМРО-ДПМНЕ и нивната најдобра менаџерка Данела го претворија во хорор филм.
Скопје, 7 август 2024
Страшно и жално е тоа што се случува во скопската Зоолошка градина. Местото кое до пред три години беше на сите насловни страници во светсите медиуми, кое беше пример за добар менаџмент и грижа за животните, ВМРО-ДПМНЕ и нивната најдобра менаџерка Данела го претворија во хорор филм.
Последните информации дека угинала слоницата Даела за која нема никаква јавна информација од кои причини е кулминација на негрижата и уништувањето на ова прекрасно место. Видеото кое кружи по социјланите мрежи од транспортот на животното до Дрисла е врв на иживувањето.
Во последните месеци и години угинаа многу животни, две жирафи, тигар, коњи и други животни.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, кои Данела Арсовска на граѓаните им ја продадоа како најдобрата менаџерка, а потоа се скараа заради бизнис интереси, треба да одговараат за оваа нечовечност.
Скопје е град кој тоне во хаос, во ѓубре, каде владее негрижа и нечовечност и единствени виновни за оваа состојба се ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА Архива