• вторник, 24 декември 2024

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го научат Уставот наместо да се обидуваат да профитираат на национална несреќа

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го научат Уставот наместо да се обидуваат да профитираат на национална несреќа
Скопје, 14 септември 2021
Додека тераат бесрамна политизација на несреќата во Тетово, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски покажуваат дека не го знаат Уставот, не го познаваат деловникот, дека немаат П од право и политика.
По којзнае кој пат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се обидуваат да спечалат некој политички поен на национална трагедија, со што само го покажуваат нивното некрофилско, бесрамно лице.
ВМРО-ДПМНЕ нема никакво право да се повикува на морал, а уште помалку пак има образ да го оценува работењето на Венко Филипче, затоа што оваа партија со години го саботира неговото работење и се обидува да му наштети на здравствениот сектор.
Сите паметат како ВМРО-ДПМНЕ се однесуваше за време на најголемата пандемија, преку кршење на мерките, ширење лажни вести, потсмевање со вирусот и навреди врз здравствените работници.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски наместо да се однесуваат некрофилски, треба да научат што е Устав и Деловник, а потоа да остават започнатата истрага да ги даде сите одговори за пожарот во болницата во Тетово.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан