• петок, 05 декември 2025

СДСМ: Владата да преземе итни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и да ги покачи платите на работниците

СДСМ: Владата да преземе итни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и да ги покачи платите на работниците

Скопје, 11 јуни 2025 

Почитувани граѓани,


Се случува тотален дебакл на економски план, економската политика на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно промашена.


Последните податоци на Државниот завод за статистика, покажуваат инфлација од 3,3%. 


Овие бројки не се само статистика – тие се реалноста во секој македонски дом, во секое македонско семејство. 


Сѐ е поскапено. Животот за граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ стана „купи ден – помини“. 


Инфлацијата го јаде семејниот буџет, платите, но и самиот економски раст.


Ова е уште една потврда дека фалбите за некаков раст на БДП или дека сме биле 4 та економија во Европа нема никаква врска со реалноста, тоа е една голема лага.


Прво Мицкоски излажа за растот на БДП, не е 3,4% како што рече тој, туку 3%. 


Но, кога ќе се спореди со поголемата инфлација од 3,3%, значи не само што нема раст, туку е негативен.


Затоа и куповната моќ на македонските граѓани во споредба со целиот регион е најмала.


Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53% и така натаму.


Ова е тажната реалност. Животот во Македонија е неподносливо скап, народот има се помалку пари. Граѓаните преживуваат од ден за ден. 


Купуваат се помалку, пресметуваат секој денар, одат во продавница со страв. 


Наместо решенија и заштита на стандарот власта на ВМРО-ДПМНЕ реши да ги покачи платите ама само на функционерите.


За работниците – ништо, нема пари, власта има пари само за зголемивање на платите на фунционерите. 


Без трошка срам министерката за финансии тврди дека повисоки плати ќе предизвикале инфлација.


Ова е врв на безобразие.  Работниците не заслжуваат ваков однос, вакво понижување.


СДСМ бара итна промена на курсот, владата да преземе итни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и да ги покачи платите на работниците.

 

Линк до видео: https://youtu.be/pAiy7ESelJk 

 

Прес-конференција на Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ 

 

 

Остани поврзан