• петок, 22 ноември 2024

СДА: Прифаќањето на преговарачката рамка треба да биде врвен приоритет на сите одговорни политички фактори

СДА: Прифаќањето на преговарачката рамка треба да биде врвен приоритет на сите одговорни политички фактори
Скопје, 15 јули 2022

Странка за демократска акција на Македонија ги повикува политичките партии да покажат одговорност и во предложената преговарачка рамка на Европската Комисија и на француското претседателство да ја препознаат шансата за Северна Македонија да ја оствари својата стратешка цел-патот кон ЕУ, низ транспарентен процес кој ќе се одвива со признавање на посебноста на македонскиот јазик и идентитет. Кога се работи за стратешките цели на државата нема простор за политиканство и ситни партиски поени.

Европската Комисија потврди дека билатералните прашања се надвор од преговарачкиот процес и не се услов за организирање на првата меѓувладина конференција, со што се оддава признание за улогата што Република Северна Македонија ја имаше за време на повеќегодишниот напредок на државата во делот на постигнувањето на европските стандарди.

Со прифаќање на преговарачката рамка, што треба да биде врвен приоритет на сите одговорни политички фактори во земјата, остануваме и на патот на остварувањето на стратешките цели на Северна Македонија, на подобрување на регионалната соработка, на градење на партнерски односи со земјите членки на ЕУ и НАТО, и на негувањето на стратешки односи со САД, кои беа и остануваат нашите најголеми поддржувачи и партнери.

Време е за државнички одлуки!

                                                                                                                       

Со почит,

Странка за демократска акција на Македонија

___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан