• вторник, 02 јули 2024

СВР Тетово: Одложена посетата на делегацијата на Саудиска Арабија, нема да има сообраќаен режим

СВР Тетово: Одложена посетата на делегацијата на Саудиска Арабија, нема да има сообраќаен режим

Тетово, 10 јануари 2024 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува граѓаните дека најавениот посебен сообраќаен режим за утре (11 јануари)  во Тетово нема да се спроведе од 5 часот и 30 минути до 12 часот, како што првично беше планирано.  Причина е одложената посетата на високата делегација од Собранието на Кралството Саудиска Арабија.

-Тоа значи дека утре сообраќајот во Тетово ќе се одвива нормално и без  никакви ограничувања на претходното споменатите улици, а истото се однесува и за паркирањето на возилата, информираат од СВР Тетово. 

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите целосно да ги почитуваат сообраќајните знаци, правила и прописи и посебно оние кои се однесуваат на паркирањето на возилата, а пред се да избегнуваат паркирање во таканаречени „двојни редови“. ас/дма/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан