• недела, 22 декември 2024

СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице за „даночно затајување“

СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице за „даночно затајување“

Скопје, 30 август 2024 (МИА) - СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и управителот на правното лице Н.К. (31) од Струмица за кривично дело „даночно затајување“ по чл. 279 ст. 1 од КЗ, соопшти МВР. 

На барање од СВР Струмица, УЈП Генерална дирекција Скопје изврши надворешна контрола на финансиското работење на правното лице и од нивна страна доставени се записници за извршена контрола за деловната 2021 и 2022 година, во кои е констатирано дека првопријавеното правно лице како даночен обврзник и второпријавената како управител на правното лице за деловната 2021 година помалку пресметал и платил персонален данок на добивка во износ од 2.975.466 денари, појаснуваат од МВР. 

Со контролата, како што се наведува, е утврдено дека во деловната 2022 година помалку е пресметано и платено персонален данок на добивка во износ од 3.335.998 денари.

-Од горенаведеното констатирано е дека пријавената како управител на правното лице, со цел да се стекне со против правна корист, го оштетила Буџетот на РСМ за вкупен износ од 6.604.860 денари. Кривичната пријава е доставена до ОЈО Струмица, соопштуваат од полицијата. ев/са/

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан