• недела, 22 декември 2024

СВР Битола апелира за безбедно одбележување на полуматурските и матурските прослави

СВР Битола апелира за безбедно одбележување на полуматурските и матурските прослави

Битола, 21 мај 2024 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Битола апелира до сите учесници во сообраќајот, а посебно матурантите кои имаат стекнато право за управување со моторно возило, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не консумираат алкохол доколку управувааат возило и да не се управуваат моторни возила без претходно положен возачки испит.

СВР Битола препорачува да се избегнува учество, предизвикување или поттикнување друго лице на тепачка, оддавање на пијанство на јавно место или нарушување на јавниот ред и мир во пијана состојба.

-Предупредуваме дека не е дозволена употреба на огнено оружје и пиротехнички средства, а до сопствениците и вработените во угостителските објекти апелираме да се придржуваат кон пропишаните законски одредби, односно да не се дозволи нарушување на јавниот ред и мир во објектот тепачки, физички напади, гласна музика, оддавање на пијанство и точење алкохол на лица кои се под дејство на алкохол, да не се дозволува присуство на малолетници после 24 часот или точење на алкохол на малолетници и советуваме, нагласуваат од СВР-Битола, навремено пријавување на секој настан на телефонскиот број 112 или 192. мт/дма/

 

Фото: МИА

Остани поврзан