• недела, 22 декември 2024

Светски ден на штедењето

Светски ден на штедењето

Скопје, 31 октомври 2023 (МИА) -   Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, денеска ќе биде одбележан со настани во организација на финансиските институции и банките. 

Покрај традиционалниот настан во организација на Македонската банкарска асоцијација, активност има и Халк Банка, која во Градски парк во Скопје ќе одржи настан „Среќата е во малите чекори“. Програмата која што ќе започне од 13 часот и ќе трае до после 18 часот ќе содржи работилници, музички делови, како и промоција и доделување на детски штедни книшки. 

Според последните податоци на Народната банка, во септември годинава, месечната стапка на раст на депозитите на домаќинствата изнесува 0,9 проценти во поголем дел поради зголемените депозитни пари и долгорочните депозити. Анализирано на годишно ниво, депозитите на домаќинствата забележале раст од 6,8 проценти, што главно се должи на зголемувањето на долгорочните депозити и депозитните пари, а во помала мера и на краткорочните депозити во денари, во услови на остварен пад на краткорочните депозити во странска валута.сх/лв/

Фото: Ефектива ПР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан