• недела, 22 декември 2024

Светскиот првак во кикбокс Илиоски на прием во МОК

Светскиот првак во кикбокс Илиоски на прием во МОК

Скопје, 29 ноември 2023 (МИА) – Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски денеска организираше прием за светскиот првак во кикбокс Бобан Илиоски и селекторот на националниот тим Дејан Митровски – Урко.

Илиоски на неодамнешното Светско ВАКО првенство во Португалија го освои златниот медал во категоријата лоу кик до 86 килограми, совладувајќи го убедливо во финалето Нурбек Уришбоев од Узбекистан со 3-0.

На патот до светската круна Илиоски во полуфиналето со идентичен резултат беше убедлив во борбата против Ељан Алкишиyев од Азербејџан.

„Македонскиот Олимписки комитет со големо задоволство ги поддржува и ќе продолжи со истата практика, да ги поддржува македонските шампиони“, соопшти МОК по средбата на првиот човек на македонското олимписко движење Димевски со светскиот кикбокс шампион Илиоски. ег/аа/

ФОТО: МОК

Остани поврзан