• понеделник, 23 декември 2024

Светска програма за храна апелира милијардерите да донираат за гладните

Светска програма за храна апелира милијардерите да донираат за гладните
Њујорк, 18 септември 2020 (МИА) - Директорот на Светска програма за храна Дејвид Бизли ги повика најбогатите луѓе во светот да донираат пари за да спасат околу 30 милиони луѓе, кои би можеле да умрат од глад доколку не добијат помош. - Околу 270 милиони луѓе се на раб на гладот и Светска програма за храна се надева дека годинава ќе успее да им пружи помош на 138 милиони луѓе, истакна Бизли пред безбедносниот совет на Обединети нации. Тој додаде дека се потребни околу 4,1 милијарди долари на годишно ниво за да се нахранат 30 милиони луѓе, кои би починале без помош на Светската програма за храна. Бизли истакна дека во светот постојат околу 2.000 милијардри, чие богатство се проценува на околу 6,8 трилиони долари, а некои од нив заработиле милијарди за време на пандемијата со Ковид-19. Тој наведе дека не е против луѓето кои создаваат и го зголемуваат своето богатство, но потенцира дека човештвото се соочува со најголемата криза досега. ми/

Остани поврзан