• понеделник, 23 декември 2024

Светската програма за храна: Снабдувањето на луѓето од Газа „повеќе не е одржливо“

Светската програма за храна: Снабдувањето на луѓето од Газа „повеќе не е одржливо“

Газа, 9 декември 2023 (МИА) - Светската програма за храна (ВФП) соопшти дека можноста за снабдување со основни потреби на цивилите во Газа е на работ на колапс, во услови на тековната војна со Израел, јави ДПА.

-Нема доволно храна. Луѓето гладуваат. Ситуацијата е неодржлива. Треба да ги внесеме нашите резерви, напиша синоќа заменик-директорот на ВФП Карл Скау на „X“, по посетата на затворениот крајбрежен појас.

Тој додаде дека има недостиг на гориво и никој не е безбеден.

Илјадници очајни, гладни луѓе ги преполнија дистрибутивните центри за хуманитарна помош.

-Имаше конфузија во камповите и засолништата за итни случаи беа преполни, напиша тој.

Според него, со кршењето на законот и редот, секоја значајна хуманитарна операција е невозможна. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан