• понеделник, 23 декември 2024

Свети Николе одбива барања за поставување фотоволтаици на земјиште од прва до четврта класа

Свети Николе одбива барања за поставување фотоволтаици на земјиште од прва до четврта класа
Свети Николе, 1 октомври 2022 (МИА) - Општина Свети Николе секој месец е затрупана со  барањата за поставување фотоволтаици на земјоделско земјиште. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев вели дека на една од седниците на Советот на Општината од вкупно девет, одбиени биле дури седум барања. Посочи дека став на општината и на сите политички чинители во Советот на Општина Свети Николе е да не се одобруваат барања за поставување на фотоволтаици на земјоделско земјиште од прва, втора, трета и четврта класа. -Постои огромен интерес од приватни инвеститори за изградба на фотоволтаици. Во претходниот период државното земјиште било отуѓено и веќе има направено доста хектаража, а секојдневно стигнуваат барања од приватни инвеститори коишто имаат купувано земја од жителите на Општина Свети Николе. Советот си има донесено став дека ќе се грижи за земјоделското земјиште, па затоа секое барање коешто е до четврта класа, што се плодни земјишта, а добар дел се и под систем на наводнување, со мнозинство го одбива, изјави Владев. Барањата не се поминуваат механички, вели Владев, туку се испитува како поставувањето на фотоволтаици на одредена површина ќе влијае на квалитетот на земјиштето. -Ги повикуваме одговорните од Урбанизам, отвораме „гугл мапс“ и гледаме каде се наоѓа земјиштето, дали поминува систем за наводнување, дали може да штетат самите фотоволтаици на околината и на земјоделието, па дури потоа се одлучува дали да се даде одобрение или не. Може некаде да помине и четврта класа, ако е далеку од градот или нема систем, меѓутоа тешко, додаде Владев. Критериумите кои треба да се исполнат за да се добие дозвола се поставувањето на фотоволтаици е да не влијаат на земјоделството, сточарството, пасиштата, како и на животот и здравјето на светиниколчани. Според последните податоци од Општина Свети Николе, 15 компании имаат изградено фотоволтаични централи кои се протегаат на 15 хектари. Во процедура е фотоволтаици да се постават на уште 15 хектари земјоделско земјиште.вдј/вј/

Остани поврзан