• сабота, 23 ноември 2024

Свети Николе го одбележа денот за заштита на животната средина

Свети Николе го одбележа денот за заштита на животната средина

Штип, 5 јуни 2021 (МИА) - Општина Свети Николе денеска го одбележа Меѓународниот ден за заштита на животната средина. 

Градоначалникот на Општина Свети Николе истакна дека денеска е реализирана акција за чистење и уредување на просторот околу пешачката и велосипедска патека до локалитетот „Била Зора“, а  во која учествуваа вработените во локалната самоуправа, ЈКП Комуналец, ЈП Погребални услуги и ТППЕ Свети Николе.

- Како локална самоуправа вложуваме максимални напори за заштита на животната средина како придобивка на современиот човек. Извршивме комплетна реконструкција на пречистителната станица за отпадни води кој денес работи со капацитет кој овозможува 100 отсто пречистување на отпадните води во градот, а со тоа и заштита на Светиниколска река долж нејзиниот тек. Поставивме контејнери во најголемите и највиталните рурални населби и најава за поставување на нови контејнери во останатите места, рече Велковски.

Набавена е и механизација и опрема на ЈКП Комуналец за собирање на отпад и чистење на улиците и постојано се чистат излетничките места. Во наредниот период ќе следи чистење на сите диви депонии во општината. вдј/фф/

Остани поврзан