• вторник, 05 ноември 2024

Свен – Горан Ериксен погребан во родната Шведска

Свен – Горан Ериксен погребан во родната Шведска


Торсби, 13 септември 2024 (МИА) – Легендарниот шведски фудбалски тренер Свен-Горан Ериксон беше погребан денеска во неговиот роден град Торсби во југозападна Шведска.
Ериксон почина на 26 август на 76-годишна возраст, осум месеци откако објави дека боледува од рак на панкреасот.
Ковчегот со посмртните останки беше изложен во црквата Фриксанде, а на богослужбата на англиски и шведски јазик присуствуваа 600 високи личности, меѓу кои и 95-годишниот татко на Ериксон, членови на семејството, членови на шведското кралско семејство, пријатели и поранешни фудбалери и тренери, меѓу кои Дејвид Бекам, Рој Хоџсон и други.
Во текот на својата кариера, Ериксон освои 18 трофеи и водеше 12 клуба, меѓу кои Манчестер Сити, Лестер, Рома и Лацио, а беше и првиот странски тренер на клупата на фудбалската репрезентација на Англија.
Неговите последни зборови беа објавени постхумно: „Не се откажувај. Животот секогаш, секогаш треба да се слави“. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан