• недела, 22 декември 2024

Свежата вода не е бесконечна и треба да престанеме да ја земаме здраво за готово, порачува генералниот директор на ФАО

Свежата вода не е бесконечна и треба да престанеме да ја земаме здраво за готово, порачува генералниот директор на ФАО

Скопје, 16 октомври 2023 (МИА) – Под мотото „Водата е живот, водата е храна. Никој да не биде изоставен“, Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) денеска го одбележува 16 Октомври - Светскиот ден на храната.

Со низа настани и активности во околу 150 земји и на повеќе од 50 јазици, ФАО повикува на акција и обединување на владите, општините, бизнисите, медиумите, јавноста и младите за клучните глобални предизвици и можните решенија за еден од најскапоцените ресурси на планетата: водата.

Генералниот директор на ФАО Кју Донгју, повикува за колективна акција, нагласувајќи дека свежата вода не е бесконечна и треба да престанеме да ја земаме здраво за готово.

Под мотото „Водата е живот, водата е храна. Никој да не биде изоставен“ Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) денеска го одбележува 16 Октомври Светскиот ден на хр

-  Со оглед на тоа што околу 70 проценти од слатките води се користат за земјоделски цели, од клучна важност е да ги смениме начините на производство на нашата храна.  Земете во предвид дека во текот на последните две децении, секој од нас потрошил приближно една петтина од свежата вода што ни е достапна. За некои луѓе, реалноста е многу полоша. Во некои региони, всушност, оваа бројка се движи поблиску до една третина. Освен ако не дејствуваме итно, на пат сме да ја зголемиме потрошувачката на вода за повеќе од една третина до 2050 година на глобално ниво, со оглед на зголемената стапка на раст на популацијата на нашата планета. Тоа значи, колективно, ризикуваме да стигнеме до точка од која нема враќање, порачува Донгју.

Во обидот да се најде решение за овие комбинирани предизвици, според Донгју, најважно е да се обезбеди доволно вода за земјоделството, истовремено усогласувајќи ги и потребите за вода и на другите економски активности, особено во услови на забрзана урбанизација. 

- Владите треба да креираат политики засновани на наука и докази, базирани на податоци и иновации, и да се координираат меѓусекторски за подобро планирање и управување со водите.  Водата, енергијата и храната се нераскинливо поврзани. За политиките да бидат успешни, важно е тие успешно да управуваат со често спротивставените интереси, без притоа да го загрозат здравјето на нашите екосистеми, нагласува Донгју.

Донесувањето информирани одлуки за производите што ги купуваме, трошењето помалку вода и спречувањето на катастрофите од поплави и загадување, порачува Донгју, се лесни начини за сите да придонесат кон просперитетна иднина на луѓето и планетата. 

- Тиe се главни начини за постигнување на се е она што ние во ФАО го нарекуваме Четирите подобрa (Four Betters): подобро производство, подобра исхрана, подобра животна средина и подобар живот - за да се осигураме дека никој нема да биде изоставен, вели Донгју по повод Светскиот ден на храната. аа/бак/

Фото: ФАО

Остани поврзан