• понеделник, 23 декември 2024

Свадбата на годината во Индија кон средината на јули

Свадбата на годината во Индија кон средината на јули

Мумбај, 5 јyли 2024 (МИА) - Наследникот на милијардерот Мукеш Амбани - Анант (29) ќе се ожени со својата девојка Радика Мерчант кон крајот на овој месец, на раскошна церемонија што веќе важи за свадба на годината во Индија.

Анант Амбани (29) е најмладиот син на најбогатиот човек во Азија, кој има проценето богатство од 118 милијарди долари, според индексот на милијардери на „Блумберг“. Неговиот син е одговорен за поттикнување на проширувањето на енергетскиот сектор во семејниот конгломерат, „Релајанс индустрис“ (Reliance Industries). Во март, двојката имаше тридневна претсвадбена забава во градот Јамнагар на западот, каде што присуствуваа околу 1.200 високи гости, меѓу кои Марк Цукерберг и Бил Гејтс.

Светлосното шоу со 5.500 беспилотни летала го осветли небото над тн. „Стаклена палата“ направена по нарачка за свеченостите каде што посетителите на забавата танцуваа цела ноќ на настап на познатата пејачка Ријана.

Свадбата во Мумбај треба да се одржи од 12 до 14 јули во домот на родителите на Анант, Мукеш и Нита Амбани - резиденцијата „Антилија“ од 27 ката, како и во семејниот Светски центар за конвенции „Џио“, каде што има место за повеќе од 16.000 луѓе.

Ванеса Алмеида, сопственичка на „Kуќaтa за подароци“ во градот Гоа во западна Индија, беше одговорна за пакување на околу 8.000 подароци за гостите во Јамнагар. Таа, за „Си-ен-ен“ изјави престојувала во градот две недели за да се осигура дека сите подготовки и сѐ оди како што треба.

- За време на настанот, од нас беше побарано да не го фотографираме настанот, луѓето или работата што ја работевме. Тие со многу почит, дури ги замолија и гостите да не го прават тоа бидејќи имаа свои тимови кои опфатија сè, вели Алмеида.

Потоа, еден викенд кон крајот на мај, парот одржа четиридневно крстарење по Средоземноморјето. Со повеќе застанувања низ Европа, освен пријателите и семејството, во патувањето уживаа и ѕвезди од Боливуд, а настапи имаа Кејти Пери, „Бекстрит бојс“ и оперскиот певец Андреа Бочели.

Податоците за тоа се строго чувана тајна.

Радика, пак, е ќерка на фармацевтскиот тајкун Вирен Мерчант и работи во неговата компанија „Енкор хелткејр“ (Encore Healthcare). Дипломирала на Универзитетот во Њујорк, а за „Вог“ (Vogue) дека го запознала Амбани преку заеднички пријатели за време на патување во 2017 година.

- Таа прва средба просто предизвика нешто посебно меѓу нас и не мина долго пред да започнеме врска, изјави таа.

Невестата и младоженецот се очекува да носат облека со симболика, којашто ќе ги прикаже индискиот занает, домашните дарби - со текстил изработен во Индија. Најмени се врвни индиски дизајнери, како што се Маниш Малхотра, Сабјасачи Мукерџи и Тарун Тахилијани.  си/

Фото: ЕПА

Остани поврзан