• петок, 22 ноември 2024

СБУ: Украински снајперист го собори светскиот рекорд, погоди руски војник од далечина од 3,8 километри

СБУ: Украински снајперист го собори светскиот рекорд,  погоди руски војник од далечина од 3,8 километри

Киев, 21 ноември 2023 (МИА) - Украински снајперист го собори светскиот рекорд убивајќи руски војник од далечина од 3,8 километри, соопшти Службата за безбедност на Украина (СБУ).

„Снајперист на СБУ постави светски рекорд. Погоди руски војник од неверојатна далечина“, соопшти прес-службата на СБУ.

Тие додадоа дека истрелот го надминал претходниот светски рекорд за приближно 260 метри.

„Снајперистите на СБУ ги менуваат правилата на светското снајперско дејствување, демонстрирајќи ја способноста за ефективно работење на фантастични растојанија“, се додава во соопштението.

Инаку, канадски снајперист од специјалните сили го држи рекордот од 2017 година, откако беше потврдено дека извршил убиство со снајпер од далечина од 3.540 метри во Ирак. Пред него, титулата ја имаше британскиот снајперист Крег Харисон, кој уби талибански борец во Авганистан во 2009 година, погодувајќи од далечина од 2.475 метри.

Украина влегува во својот 21-ви месец на војна, откако Русија изврши инвазија во февруари минатата година. Војната претходно беше опишана како артилериска војна, но важна улога одиграа и снајперистите. паг/

Фото: Скриншот Икс

 

Остани поврзан