• петок, 28 јуни 2024

СБУ: Приведен руски агент кој подготвувал диверзија во областа Запорожје

СБУ: Приведен руски агент кој подготвувал диверзија во областа Запорожје

Киев, 27 јуни 2024 (МИА) - Службата за безбедност на Украина (СБУ) приведе, како што наведува, руски агент кој се обидел да ги идентификува точните координати на украинските противвоздушни ракетни системи на фронтот во областа Запорожје и да ги проследи во Русија.

„Рускиот агент ги следел главните насоки на движење и известувал за воената опрема на украинската армија“, се вели во соопштението на СБУ. паг/

Фото: МИА архива
 

 

Остани поврзан