• среда, 25 декември 2024

Сахин: Вирусот ќе биде под контрола во повеќето европски земји и САД до крајот на летото

Сахин: Вирусот ќе биде под контрола во повеќето европски земји и САД до крајот на летото
Берлин, 21 март 2021 (МИА) - Основачот на германската компанија „Бионтек“, Угур Сахин, кој ја разви вакцината против Ковид-19 со американската компанија „Фајзер“, вели дека вирусот ќе биде под контрола во повеќето европски земји и САД до крајот на летото. Тој смета дека овие проблеми се привремени, дека е можно да се вакцинираат 70 проценти од Германците до крајот на септември и дека вирусот тогаш веќе нема да претставува таков проблем. - Во многу европски земји и САД, повеќе нема да ни требаат општи затворања до крајот на летото, изјави Сахин за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“. Тој вели дека ќе има епидемии на вируси, но дека ќе бидат „позадинска бучава“. - Ќе има мутации, но нема да не плашат, додава Сахин. Досега речиси девет проценти од населението во Германија примило барем една доза вакцина. паг/

 

Остани поврзан