• понеделник, 23 декември 2024

Сафади: Израел се однесува како да е над законот, Јордан сака мир и за Палестинците и за Израелците

Сафади: Израел се однесува како да е над законот, Јордан сака мир и за Палестинците и за Израелците

Барселона, 27 ноември 2023 (МИА) - Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади денеска го обвини Израел дека се однесува како да е над законот и нагласи дека Тел Авив мора да сфати дека мирот со соседите не е отстапка за никого, пренесува Гардијан.

„Никој не прави никому услуга со изборот за мир. Ние сакаме мир за двата народа. Сакаме мир за Палестинците и Израелците да можат да живеат без понижување на окупацијата или страв за безбедноста“, изјави Ал Сафади по состанокот на медитеранските земји во Барселона, повикувајќи ги лидерите да ја смират реториката и да престанат да ги обвинуваат оние кои повикуваат на мир дека се „против ова или против она“.

Јорданскиот министер за надворешни работи го обвини Израел дека „се однесува како да е над законот“ уништувајќи 30 години работа за постигнување мир на Блискиот Исток.

„Она што се случува во Газа спаѓа во доменот на правната дефиниција за геноцид“, рече Сафади, додавајќи дека светот треба да признае дека нападот на Хамас на почетокот на октомври треба да се гледа во контекст на односот на израелската влада кон палестинскиот народ.

Сафади нагласи дека треба да се размислува што ќе се случи доколку Израел не се согласи на решение со две држави, додавајќи дека Јордан ќе направи се што е потребно за да се стави крај на конфликтот на Блискиот Исток.

„Мислам дека ужасната цена на оваа војна диктира да дејствуваме сложно и да ја запреме катастрофата што ја загрозува безбедноста на целиот регион, а чии последици ќе одат и понатаму, во соседна Европа“, рече тој. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан