• петок, 05 декември 2025

Саутемптон постави негативен рекорд по бројот на порази во една сезона во Премиер лигата

Саутемптон постави негативен рекорд по бројот на порази во една сезона во Премиер лигата

Лондон, 26 мај 2025 (МИА) - Саутемптон го собори рекордот во Премиер лигата по најмногу порази во една сезона.

На 25 мај „светците“ загубија од Арсенал (1:2) во последното коло од Премиер лигата. Овој пораз беше 30-ти за Саутемптон оваа сезона. 

Претходно, негативен рекорд во Премиер лигата беше 29 порази во една сезона, претрпени од Сандерленд (сезона 2005/06), Дерби (2007/08) и Шефилд Јунајтед (2020/21).

Саутемптон заврши на дното во Премиер лигата со 12 бода. Ден претходно се дозна дека тимот во втората лига ќе го предводи поранешниот тренер на Ленс, Вил Стил. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан