• петок, 22 ноември 2024

Саудиска Арабија побарала од Албанија да влијае во СБ на ОН за спасување на цивилите во Газа

Саудиска Арабија побарала од Албанија да влијае во СБ на ОН за спасување на цивилите во Газа

Тирана, 14 октомври 2023 (МИА) – Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принцот Ал Сауд во телефонски разговопр со албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, побарал да влијае преку албанското претседавање во Советот за безбедност на ОН, за спасување на цивилното население во Газа.

-Во текот на разговорот, принцот Ал Сауд, од Албанија побарал, како членка на Советот за безбедност, да вложи напори за обезбедување на животите на цивилите и почитување на меѓународното хуманитарно право и повика Албанија да работи за да обезбеди ОН да ја исполни својата одговорност за одржување на меѓународниот мир и безбедност, повикувајќи на итен прекин на воените операции и укинување на опсадата на Газа, јави abcnews.al.

Тој, исто така, побарал „Албанија да влијае да се воспостави фер и стабилно решение за палестинското прашање во согласност со меѓународните референци“.

-Повикот бил поздравен од министерот Хасани, кој го повторил ставот на Албанија, која ги осудува не само нападите на Хамас, туку и оние кои ја поддржуваат оваа организација. Во овој телефонски разговор Албанија не се обврзала да одговори на барањето на Саудиска Арабија, наведува телевизијата. вт/сд/

 

Фото: МЕНР сајт

Остани поврзан