• понеделник, 23 декември 2024

Саудиска активистка осудена на скоро шест години затвор

Саудиска активистка осудена на скоро шест години затвор
Ријад, 28 декември 2020 (МИА) - Саудиската активистка за човекови права Лужеин ал Хатул денеска е осудена на речиси шест години затвор за активности забранети со законот за борба против тероризмот, објавија локалните медиуми. Таа беше прогласена за виновна за „разни активности забранети со антитерористичкиот закон“, објави веб-страницата „Сабк“. Активистката е во истражен затвор повеќе од две години, што е период кој е земен предвид при изрекувањето на пресудата, пренесоа саудиските медиуми. Лужеин ел Хатлул беше притворена пролетта 2018 година под сомнение дека извршила злосторства вклучени во дејствија насочени кон промена на политичкиот систем поради кампања за правата на жените и комуникација со странски новинари, дипломати и организации за човекови права. паг/  

Остани поврзан