• недела, 30 јуни 2024

Сасуоло не планира да го продаде напаѓачот Лориенте на Тотенхем

Сасуоло не планира да го продаде напаѓачот Лориенте на Тотенхем

Сасуоло, 28 септември 2023 (МИА) - Извршниот директор на калчолигашот Сасуоло Џовани Карневали изјави дека клубот не планира да го продаде напаѓачот Арман Лориенте на Тотенхем.

 

- Не добивме никакви официјални предлози за Арман минатото лето. Сега нема да разговараме или да влегуваме во преговори за какви било предлози за Лориенте, изјавил Карневали за италијанските медиуми.

 

Лориенте е во Сасуоло од август 2022 година и има осум гола и седум асистенции на 35 настапи за тимот.

 

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на 24-годишниот Французин на 18 милиони евра. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан