• петок, 22 ноември 2024

Сари ја посакува Барселона во осминафиналето на Лигата на шампионите

Сари ја посакува Барселона во осминафиналето на Лигата на шампионите

Рим, 14 декември 2023 (МИА) - Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, изјави дека сака неговиот тим да игра против Барселона во осминафиналето на Лигата на шампионите.

- Да бидам искрен, би сакал да ја имам Барселона за мој противник. Никогаш не сум го сретнал овој тим како тренер. Мислам дека тоа би било прекрасно искуство, изјави Сари за „Sky Sport“.

Лацио заврши на второто место во Е-групата во Лигата на шампионите со 10 бодови, додека Барселона заврши на првото место во Х-групата со 12 бодови.

Ждрепката за осминафиналето во фудбалската Лигата на шампионите ќе се одржи на 18 декември. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан