• петок, 22 ноември 2024

Сараџ и Хафтар го потврдија присуството на Конференцијата во Берлин

Сараџ и Хафтар го потврдија присуството на Конференцијата во Берлин
Москва, 16 јануари 2020 (МИА) - Лидерот на либанската меѓународно признаена Влада на Народно единство, Фајез ал Сараџ и командантот на Либиската народна армија, генералот Калифа Хафтар, потврдија дека ќе учествуваат на меѓународната конференција за решавање на конфликтите во земјата, што ќе се одржи во Берлин на 19 јануари. - Потпишавме договор за примирје, што го договорија Русија и Турција и таа иницијатива ја гледаме како прв чекор кон решавање на кризата и постигнување безбедност и стабилност, изјави Сараџ. Премиерот истакна дека „агресорот“ избра да не го потпишува договорот, алудирајќи на генерал Хафтар. - Пролонгирањето на на Хафтар е обид да ја поткопа Конференцијата во Берлин уште пред да почне, посочи Сараџ. Тој додаде дека „позитивната улога на Русија и Турција“ ја вознемири Европа, иако Европејците им ја доделија таквата улога на Москва и Анкара, бидејќи девет месеци не зазедоа став за случувањата во Либија. Додека генерал Хафтар, на денешната средба во Бенгази со шефот на германската дипломатија Хајко Мас, потврди дека ќе присуствува на Конференцијата во Берлин. На иницијатива на рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега, Реџеп Тајип Ердоган во понеделникот во Москва се одржа состанок на либиските претставници, на кој присуствуваа министрите за надворешни работи и одбрана на Руската Федерација и Турција. По повеќе од осум часови преговори, Сараџ го потпиша договорот, додека Хафтар ги напушти преговорите без да го потпише договорот и се врати во Либија, барајќи уште еден ден да го разгледа договорот. По соборувањето на долгогодишниот либиски лидер Моамер ел Гадафи во 2011 година, Либија е нестабилна поради големиот број на вооружени групи кои се борат за власт и контрола над нафтените полиња Од летото 2014 година Либија политички е поделена на две влади - самопрогласената во источниот дел на земјата, со седиште во Тобрук, што е под контрола на воениот лидер Хафтар и меѓународно признаената влада со седиште во Триполи, предводена од премиерот Сараџ. ез/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан