• сабота, 23 ноември 2024

Сан: Британската влада за преведувачи за Албанците кои илегално влегле или шверцуваат дрога лани потрошила 1,2 милиони фунти

Сан: Британската влада за преведувачи за Албанците кои илегално влегле или шверцуваат дрога лани потрошила 1,2 милиони фунти
Тирана, 17 октомври 2022 (МИА) - Илегалната имиграција на албанските граѓани во Британија, но и вмешаноста на Албанците во трговијата со дрога, само за преведувачи, минатата година,  ја чинеле британската влада 1,2 милиони фунти, јавија албанските медиуми повикувајќи се на британскиот весник „Сан".
- Оваа сума лани била платена само за преведувачите на приведените и уапсени Албанци. Нивното присуство е задолжително и за време на истрагите и во судскиот процес. Ова е многу повисока сметка отколку во 2017 година кога биле платени  507.000 фунти, наведува „Сан".
Но, според истиот извор, не се Албанците тие што го заземаат првото место, туку предничат оние од полска националност за кои на име преведувачи сметката е 3,2 милиони фунти.
Инаку, британското Министерството за правда потрошило вкупно 21,3 милиони фунти на преведувачи минатата година во споредба со 16 милиони фунти претходната година.
- Сега илегалното преминување на англиска територија стана грижа за владата и политиката. Поранешниот британски дипломат Алпер Мехмет вели дека не успеваме да ги идентификуваме криминалците на границата. Ова ја става во сериозен ризик безбедноста на граѓаните, наведува весникот.
Бројот на Албанци кои моментално се во затвор во Англија и Велс е 1.500, од ​​727 во 2017 година.
Се проценува дека годинава во Велика Британија преку каналот Ла Манш илегално влегле околу 10 илјади албански граѓани, главно од северниот дел на земјата, кои плаќаат од 20 до 30 илјади евра. вт/паг/

Остани поврзан