Санчез: Шпанија ќе започне со програма за вакцинација против коронавирусот во јануари
- Шпанија ќе започне со сеопфатна програма за вакцинација против коронавирусот во јануари, најави денеска премиерот Педро Санчез.
Мадрид, 22 ноември 2020 (МИА) - Шпанија ќе започне со сеопфатна програма за вакцинација против коронавирусот во јануари, најави денеска премиерот Педро Санчез.
Тој рече дека Шпанија и Германија се првите земји на Европската унија што подготвиле целосен план за вакцинација.
- Кампањата ќе започне во јануари и ќе има 13.000 точки за вакцинација, рече Санчез на прес-конференција по самитот на лидерите на Г-20.
Тој додаде дека Шпанија ќе ангажира повеќе здравствени работници за зајакнување на нејзиниот здравствен систем.
- Ни претстојат неколку тешки месеци, но планот е направен, рече Санцез. паг/