• понеделник, 23 декември 2024

Санчез очекува поддршка од каталонските сепаратисти за нов мандат

Санчез очекува поддршка од каталонските сепаратисти за нов мандат

Мадрид, 2 јануари 2020 година (МИА) - Се очекува сепаратистичката партија на Каталонија да го поддржи лидерот на Социјалистичката работничка партија, Педро Санчез, за уште еден мандат како премиер.

Како што пренесуваат странските агенции, ваквата поддршка од Каталонската републиканска левица (ЕРЦ), најстарата и најголема партија за независност на Каталонија претставува јасен знак дека ќе се стави крај на  политичкиот ќор-сокак во земјата.
Социјалистите на Санчез освоија најмногу места на општите избори на 10 ноември, но не успеаја да постигнат апсолутно мнозинство во Парламентот на Шпанија, со 350 места. Каталонската републиканска левица соопшти дека социјалистите се согласиле да одржат преговори меѓу шпанската централна власт и владата на Каталонија за изнаоѓање „демократско решение за конфликтот“ околу стремежот за независност на Каталонија. паг/

Остани поврзан