• петок, 22 ноември 2024

Санкционирани 89 мотоциклисти на територија на СВР - Скопје

Санкционирани 89 мотоциклисти на територија на СВР - Скопје

Скопје, 14 јули 2024 (МИА) - Санкционирани се 89 мотоциклисти на територија на Секторот за внатрешни работи - Скопје, при акциска контрола во периодот од 18 часот синоќа до еден по полноќ, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 46 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 25 возеле без возачка дозвола. Петмина пак, возеле со измината важност на сообраќајната дозвола.

Од МВР нагласуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта. бд/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан