• петок, 22 ноември 2024

Санкционирани 70 возачи поради непропуштање пешаци на пешачки премин во Скопје

Санкционирани 70 возачи поради непропуштање пешаци на пешачки премин во Скопје
Скопје, 6 февруари 2022 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје денеска спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. Санкционирани се 70 возачи на територија на Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. При акциската контрола, како што се посочува, санкционирани се и 83 друг вид на сообраќајни прекршоци. Од МВР информираат дека и во наредните денови ќе продолжат со ваквите акциски контроли и апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин, затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. рп/нд/

Остани поврзан