• понеделник, 15 јули 2024

Санкционирани 198 непрописно паркирани возила во Општина Центар

Санкционирани 198 непрописно паркирани возила во Општина Центар
Скопје, 16 февруари 2021 (МИА) - Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција за една недела санкционирале 198 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот во општината. -Во периодот од 8-ми до 14 февруари со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 102 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 96 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопшти ЈП ПОЦ. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање, велат оттаму, неопходна е поголема сообраќајна култура, и најавуваат дека ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. сст/лв/                

Остани поврзан