• четврток, 19 декември 2024

Санкционирани 173 возачи во Скопје

Санкционирани 173 возачи во Скопје

Скопје, 16 март 2024 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден при контроли во областа на сообраќајот на територија на град Скопје изрече вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за непрописно прстројување, 10 мерки за користење на мобилен телефон при возење, информираат од МВР.

Од МВР посочуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за, како што велат, поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан