Санкционирани 161 возач за непрописно престигнување
- Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, во периодот од 14:00 до 19:00 часот, спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат
Скопје, 3 октомври 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, во периодот од 14:00 до 19:00 часот, спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на државава, при што санкционирани се 161 возач.
Од нив, како што информираат утрово од МВР, 71 се санкционирани на територијата на СВР Тетово, 23 на територија на СВР Битола...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. дма/лв/