• понеделник, 23 декември 2024

Санкционирани 143 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

Санкционирани 143 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар
Скопје, 18 јануари 2022 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 143 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопштија од ПОЦ. Од ПОЦ наведоа дека во периодот од 10 до 16 јануари 2022 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 82 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 61 возило кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани. - ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците, истакнаа од ПОЦ. фф/дма/

Остани поврзан