• петок, 22 ноември 2024

Санкционирани 14 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

Санкционирани 14 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

Скопје, 11 март 2023 (МИА) – Вкупно 14 возачи од кои шест на територијата на  Битола, седум во Прилеп и еден во Ресен се казнети во засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол што е спроведена вчеравечер во периодот од 23:00 до 5:00 часот на територија на СВР Битола.

За време на контролата, информираат од МВР, биле санкционирани и 21 други видови прекршоци.

-Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, велат од МВР.вј/

Фото: МВР

Остани поврзан