• петок, 22 ноември 2024

Санкционирани 125 лица поради брзо возење на територијата на СВР Битола

Санкционирани 125 лица поради брзо возење на територијата на СВР Битола

Скопје, 17 јануари 2023 (МИА) - Поради брзо возење, санкционирани се 125 возачи на територијата на СВР Битола, соопштија вечерва од Секторот за односи со јавност и протокол при Министерството за внатрешни работи.

- Во периодот од 14 до 18 часот денеска на територијата на СВР Битола, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи, кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа санционирани се 125 возачи. Од нив, 87 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, пишува во соопштението.

Нагласено е дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

- Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението. бд/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан