• четврток, 18 април 2024

Санкционирани 11 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Тетово

Санкционирани 11 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Тетово

Скопје, 28 мај 2023 (МИА) - Во текот на изминатата вечер од 21 до 3 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на возачи - дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол, при што биле откриени и санкционирани вкупно 11 возачи (ТЕ-9 и ГВ-2) кои управувале под дејство на алкохол.

- Сите се исклучени од сообраќај, изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби, како и со други мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Покрај ова, со адекватни поднесоци бил заокружен и 21 друг вид прекршок(ТЕ-11 и ГВ-10), се вели во соопшението од МВР.

СВР Тетово апелира до возачите да не седнуваат зад волан доколку претходно консумирале алкохол, зашто на тој начин  ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Исто така,да не возат пребрзо, односно да ја прилагодат брзината според условите на патот и без исклучок да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан