Санкционирани 105 возачи за брзо возење на територија на СВР Битола
- Во периодот од 14 до 20 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 105 возачи.
Скопје, 8 мај 2023 (МИА) - Во периодот од 14 до 20 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 105 возачи.
Како што информираат од МВР од нив 48 од Прилеп, по 19 од Битола и Ресен,15 од Демир Хисар и три Македонски Брод.
-Од вкупно 105 возачи ,67 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР.свс/дма/
Фото:МИА архива