• понеделник, 23 декември 2024

Санкционирани над 500 возачи за пребрзо возење

Санкционирани над 500 возачи за пребрзо возење
Скопје, 20 јануари 2021 (МИА) - Поради брзо возење на територија на цела држава санкционирани се 566 возачи, од нив 279 возеле надвор од населено место, а 287 во населено место, 18 возачи со брзина повеќе од 70 километри на час над дозволената брзина, додека 65 возачи возеле со брзина над 50 километри на час од дозволената. Како што информираат од МВР, брзото возење била најчестата причина за сообраќањите незгоди со тешки последици. - Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни улици и патишта, се наведува во соопштението на Министерството. свс/сп/

Остани поврзан