• сабота, 05 октомври 2024

Санирање на патот од село Ресава до заливот на Тиквешко Езеро

Санирање на патот од село Ресава до заливот на Тиквешко Езеро
Кавадарци, 2 февруари 2021 (МИА)- Се санира патот од село Ресава до заливот на Тиквешко Езеро, информираат  од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. -Станува збор за проширување и тампонирање на патот. На оваа локација се наоѓаат околу 100 викендици кои сега ќе имаат побезбеден пристап. Овој проект е донација од општествено одговорната компанија ,,Кожувчанка”,  во вредност од еден милион денари, велат од кабинетот на Јанчев. Оттаму додаваат дека на оваа локација, во наредниот период, Општина Кавадарци ќе постави и нова водоводна линија.свд/свс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан