• четврток, 19 декември 2024

Саниран дефектот што предизвика прекин на водоснабдувањето на речиси половина Скопје

Саниран дефектот што предизвика прекин на водоснабдувањето на речиси половина Скопје
Скопје, 19 октомври 2020 (МИА) - Дефектот на водоводната цевка на бул. „Кочо Рацин“, спроти Олимписки базен, е саниран и граѓаните ќе добијат нормализирано водоснабдување до полноќ, соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје. -Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, непрекинато работеа на отстранување на овој дефект и во рекордно време го отстранија истиот. Ваквите дефекти се навистина многу ретки, а кога ќе се случат, неминовно е еден поголем дел од граѓаните да имаат прекинато водоснабдување, изјави Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје. Како што посочи, во овој случај за отстранување на дефектот било потребно да се затвори цевка со дијаметар ф1400мм, поради што повеќе населби останаа без вода. -Екипите работеа непрекинато со целиот капацитет и сите расположливи ресурси и за многу краток временски период го отстранија дефектот. Имајќи го предвид фактот дека станува збор за голема цевка што е под силен притисок, водата ќе се пушта постепено и до полноќ се очекува водоснабдувањето да биде нормализирано во сите делови и кај сите корисници. Упатувам голема благодарност до тимот на ЈП Водовод и канализација и до сите граѓани кои имаа трпение и разбирање за оваа ситуација, рече Весковски. нд/бк/

Остани поврзан