• недела, 22 декември 2024

Санду: Членството во ЕУ е единствениот пат напред за Молдавија

Санду: Членството во ЕУ е единствениот пат напред за Молдавија

Кишињев, 29 октомври 2024 (МИА) - Молдавската претседателка Маја Санду изјави вчера дека членството во Европската унија е единствениот пат напред за Молдавија.

Санду, која се кандидира за втор мандат, го освои првото место во првиот круг од претседателските избори што се одржаа на 20 октомври со 42 отсто од гласовите. Но, таа не успеа да собере 50 отсто и оваа недела ќе ја чека втор круг против поранешниот јавен обвинител на Молдавија Александр Стојаногло.

Пред вториот круг, Санду го опиша својот противник како „алатка во рацете на злите сили“.

Во првиот круг Стојаногло, кого Санду го смени од функцијата главен обвинител, освои 26 отсто од гласовите.

-За Молдавија, нема алтернатива за интеграцијата со Европската унија, рече претседателката за време на телевизиската дебата. Стојаногло е само алатка на лошите сили. Да не беше тој, ќе беше некој друг. Не треба да ја оставиме нашата земја во рацете на крадците и бандитите. Мораме да ја спасиме демократијата, рече Санду.

Според Санду од неделата, Стојаногло е „тројански коњ“ и „московски човек“ кој им служи на интересите на Кремљ.

Во неделата, Стојаногло ја обвини Санду дека не ги исполнува правилно своите претседателски должности и дека не направила ништо за земјата.

По првиот круг од изборите, Санду рече дека има „јасни докази“ дека криминалните групи поддржани од „странски сили кои се непријателски настроени кон нашите национални интереси“ се обиделе да купат 300.000 гласови.

Санду и нејзините сојузници ги претставуваат претседателските избори како избор помеѓу иднината во Европа и врските со Москва. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан