• вторник, 03 декември 2024

Сандерс: Израел врши „етничко чистење“ во Газа

Сандерс: Израел врши „етничко чистење“ во Газа

Вашингтон, 3 декември 2024 (МИА) - Американскиот сенатор Берни Сандерс изјави дека владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху врши „воени злосторства“ и „етничко чистење“ во Газа.

„Не се борите против тероризмот со гладување луѓе и убивање десетици илјади цивили“, нагласи Сандерс (82) во објавата  на X, јави Ал Џезира.

Сандерс се согласи со Моше Јаалон, министер за одбрана на Нетанјаху од 2013 до 2016 година, кој во неделата го обвини Израел за воени злосторства и етничко чистење во Газа. паг/

Фото: МИА архива


 

Остани поврзан