Само тројца играчи му дале гол на Атлетико со Симеоне во плејофот од ЛШ на гостински терен
- Челзи синоќа во Букурешт како гостин го победи Атлетико Мадрид со 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Единствениот гол го постигна Оливие Жиру со т.н. ножички у
Мадрид, 24 февруари 2021 (МИА) – Челзи синоќа во Букурешт како гостин го победи Атлетико Мадрид со 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Единствениот гол го постигна Оливие Жиру со т.н. ножички удар.
Во историјата на елитното фудбалско натпреварување ова беше прв пораз на Атлетико како домаќин со Диего Симеоне на тренерското место.
Покрај Жиру, голови на шпанскиот клуб како гости му имаат дадено само уште двајца фудбалери. Тоа се Иско во 2017 година и Кака во 2014 година. зс/