• вторник, 05 ноември 2024

Самоубиствен бомбашки напад во Могадишу, шестмина загинати

Самоубиствен бомбашки напад во Могадишу, шестмина загинати
Могадиш, 17 ноември 2020 (МИА) - Најмалку шест лица загинаа денеска во самоубиствен бомбашки напад во ресторан во близина на полициската академија во Могадишу, главниот град на Сомалија, изјави полицискиот портпарол Садик Али. Засега не е познато кој стои зад нападот. Портпаролот Али во порака преку Ватсап им одговори на новинарите дека експлозијата се случила во ресторан во близина на полициската академија. Тој подоцна изјави дека во експлозијата загинале шест лица, вклучително и напаѓачите. Еден од очевидците, сопственик на продавница изјави дека полицијата по експлозијата отворила оган. Исламистичката група Ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда, често изведува бомбашки напади во Могадишу и други делови на Сомалија, како дел од кампањата за соборување на централната влада. паг/

Остани поврзан