• вторник, 13 јануари 2026

Самостојна изложба на ликовниот уметник Синиша Новески во Хрватска

Самостојна изложба на ликовниот уметник Синиша Новески во Хрватска

Скопје, 23 мај 2024 (МИА) - Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб вечер ќе биде отворена самостојната изложба на уметникот Синиша Новески насловена „Мистерија и индивидуализам“.

Изложбата се реализира со поддршка на Министерството за култура.

Во изложбениот простор на информативниот центар ќе бидат претставени 12 скулптури, а на официјалното отворање ќе се обратат Милаим Фетаи, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северена Македонија во Република Хрватска, Наталија Поповска, директорката на Културно-информативниот центар во Загреб, Дита Старова Ќерими, директорка на Националната галерија и Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија.

За хрватската публика, припадниците на македонската дијаспора и сите останати љубители на уметноста изложбата ќе биде отворена до 30 мај 2024 година.

Голем број скулптури на Новески се изложени во јавен простор и се дел од приватни колекции во Р. Северна Македонија, Србија, Бугарија и САД. мч/мд/

фото: Национална галерија на Република Северна Македонија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан