• понеделник, 25 ноември 2024

Самостојна изложба на сликарката Арбана Дехари во Тетово 

Самостојна изложба на сликарката Арбана Дехари во Тетово 

Тетово, 7 октомври 2022 (МИА) – Самостојната изложба на сликарката Арбана Дехари од вечерва е отворена во Уметничката галерија во Тетово. На свеченото отворање присутните имаа можност да ги погледнат дваесетината дела од изложбата „Детството и сиромаштијата“, кои во галеријата ќе бидат изложени во текот на наредната недела.

-Основниот мотив и тема на оваа изложба е светот на децата кои припаѓаат на сиромашната класа. Таа е фасцинирана од светот на децата и нејзините теми на сликање се дефинитивно портрети на деца, кои го прикажуваат нивниот внатрешен свет, а овие во состојба на сиромаштија и во различни емотивни категории, информираат од Уметничката Галерија во Тетово.

Арбана Дехари студиите ги завршила на Факултетот за уметност во Тетово, а потоа продолжила да работи како слободен сликар. Има повеќе изложби во нејзиниот град. Учествувала на многу колективни изложби. ас/мд/

Остани поврзан