Самопрогласен пастор осуден на 34 години затвор поради сексуално злоставување
- Евангелистичкиот пастор по потекло од Нигерија, Мајкл Олуронби осуден е на 34 години затвор во Велика Британија откако беше прогласен за виновен за силувања
Лондон, 7 март 2020 (МИА) - Евангелистичкиот пастор по потекло од Нигерија, Мајкл Олуронби осуден е на 34 години затвор во Велика Британија откако беше прогласен за виновен за силувања.
Судијката Сара Бакингем изјави дека Олуронби, аптекар и самопрогласен пророк е сторител на една од „најтешките сексуални злоставувања над малолетни лица“.
Судот во Бирминген соопшти дека Олуронби (60) е прогласен за виновен за 15 случаи на силување, седум обиди за сексуално злоставувања и два сексуални напада.
Кривичните дела се сторени во Бирминген и во Лондон и се случиле најмалку 88 пати.
- Пасторот ги убедувал жртвите, од кои една имала само девет години да учествуваат во духовното капење, кое наводно го чистело телото од злите духови, но правата причина била задоволување на својата сексуална желба, наведе Судот.
Дел од жртвите останале бремени, но пасторот ги убедувал да абортираат.
Сопругата на пасторот Џулијана (58) е прогласена за виновна за соучество во силување и е осудена на 11 години затвор.
Олуронби во 1989 година формираше своја група следбеници, кои сексуално ги злоставуваше. ми/